Градоначалникот Петре Шилегов на седница на градот на крајно понижувачки начин упатува навреди до советничка, која укажува на лошата состојба во прифатниот центар за кучиња скитници “Вардариште”. Покрај грубиот однос, бројни се и навредите и дисквалификациите, како и неможноста на неговата соговорничка да ја искаже својата мисла до крај.
Во аудиото кое до Лидер го доставија загрижени советници, се слуша како на самиот крај градоначалникот Шилегов се заканува дека ќе ја исклучи од понатамошна дискусија советничката која според него наводно ширела лажни вести.