Исклучени од партијата, но сепак поддржуваат вонреден конгрес и промена на Мицкоски.
Поранешните пратеници Крсто Мукоски и Нола Исмајлоска – Старова, иако се исклучени од ВМРО-ДПМНЕ имаат став околу наводниот вонреден конгрес кој го организира групата која орбитира околу хотелот „Мериот“ и Сашо Мијалков.
Радио Лидер се обиде да стапи во контакт со дел од 8-те пратеници кои гласаа за промена на името по што беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ. На нашите повици одговорија само Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска Старова и Љубен Арнаудов.
Мукоски вели дека до сега никој не го контактирал, но тој би отишол на овој собир за да гласа како делегат.
-Ако ме поканат затоа што бев делегат на претходниот конгрес, ќе бидам таму. – кратко одговори Крсто Мукоски на прашањето на Радио Лидер.
Со сличен став излезе и Нола Исмајлоска – Старова, која вели дека е убедена дека две третини од делегатите ќе се појавеле на овој конгрес. Таа вели дека не е убаво на групата околу Мијалков да и се става етикета дека е блиска со СДСМ.
-Мислам дека Христијан треба да си оди, неколку пати јасно го имам кажано ставот. – вели Исмајлоска Старова.
Од интервјуираните единствено Љубен Арнаудов нема став и како исклучен од партијата не сака да се меша во овие работи. Единствено вели дека има личен револт да не му се допаѓа правецот во кој оди ВМРО-ДПМНЕ.