Македонија 02. мај 2019. / 10:06

(АУДИО) Гласајте за Стево ако сакате да ви ја асфалтираме улицата – Димитриевски и Спасовски со уцена до граѓаните

(АУДИО) Гласајте за Стево ако сакате да ви ја асфалтираме улицата – Димитриевски и Спасовски со уцена до граѓаните

Класична злоупотреба на извршната власт во предизборни цели – детектира аудио снимката која до „Лидер“ ја доставија граѓани на населбата „Рајкова куќа“ во Куманово.

Во посета на „Рајкова куќа“ биле министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. Тие повикале на средба со граѓаните, а еден од нив без да знаат го снимал разговорот и го достави до редакцијата на „Економски Лидер“.

Кога Спасовски и Димитриевски ги прашуваат граѓаните кој им е најголем проблем, тие се жалат за неасфалтираната улица. Така, предизборната кампања за претседател се сведува на ветување дека оваа улица во „Рајкова куќа“ ќе се асфалтира, а за тоа ќе помогнел Пендаровски кој ќе обезбедел пари од ЕУ и НАТО (што ниту е работа на претседателот, ниту е возможно).

Во текот на целиот разговор со граѓаните, Димитриевски и Спасовски ги злоупотребуваат своите позиции во извршната власт за да влијаат на изборите со уценувачки тон, што е кршење на изборниот закон со кое би требало да се позанимава обвинителството.

Слушнете го целиот разговор: