На Јутуб се појавија снимки на кои се слушаат гласовите на високи функционери на една владеачка партија кои не бираат метод и начин како да дојдат до глас повеќе, вклучително и со вршење на мобинг и притисоци врз јавната администрација.
На снимките се слуша како на граѓани им се закануваат со бркање од работно место, дел од нив се вели дека за рака ќе бидат носени на митинзи и партиски настани со цел покажување сила преку бројност на истите.
Според објаснувањето на аудиото се слуша еден актуелен министер, Горан Сугарески, кандидат за пратеник на владеачката партија во 4-тата изборна единица како и директор на една здравствена институција.
Власта оди до таму да притисоци врши и во болниците и здравствените институции, односно врз медицинскиот кадар кој е под закана дека ќе остане без работа доколку гласа за опозицијата.
Да не заборавиме дека Македонија се наоѓа во екот на пандемијата на опасниот коронавирус и дека на овој начин здравствените работници покрај животите на своите пациенти на плеќите ги носат и притисоците од владеачката партија.
Во изминативе дена македонската јавност посведочи на голем број обиди за поткуп на гласачи кои за среќа беа спречени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Очигледно дел од партиите не се уверени во изборните резултати на 15 јуни па на секаков можен начин преку нелегални дејствија се обидуваат да дојдат до глас повеќе.