Пред вас е шокантен разговор меѓу тројца високи државни функционери за тендер финансиран од Европската Банка за Обнова и Развор (EBRD) кој тргнувајќи од јавниот интерес го објавувам во транскрипт и аудио форма без никакви промени, онака како што е доставен од свиркачи, пишува Горан Момировски за Експрес.
Во разговорот како што сами ќе забележите има потврда за неколку прекршување на законот, расистички испади но и дискриминација на цели европски нации од страна на генералниот секретар на Владата Драги Рашкоски.
Рашкоски според законот нема никакви ингеренции да зборува или да одлучува за тендери на Акционерското друштво М НАВ. Другиот член на групата е близок роднина на министерка во владата на Заев.
Иако датумот за тендерот изминал за 3 дена и соговорниците го истакнуваат тоа во разговорот тие свесни дека го кршат законот сепак проектот го доделуваат на италијанската фирма.
Разговорот за кој свиркачот или свиркачите имаат подготвено и англиска транскрипција на самото видео е објавен на за мене непозната социјална мрежа најверојатно руска.
Пред вас е видео со аудио разговор и интегрален транскрипт без интервенции од кој се откриваат сериозни индиции за криминал во највисоките кругови на Владата:
1. 18 октомври 2018 година Генералниот секретар на Македонската Влада Драги Рашкоски заедно со претседателот на управниот одбор на М Нав Николче Тасески и шефот на кабинет на министерот за транспорт Митко Тајчулески договараат понуда за јавна набавка за нов АТМ систем за контрола на летање од италијанската компанија Леонардо.
Вкупната сума на набавката е 7 милиони евра, финансирани од ЕБРД. Иако знаат дека компанијата не ги исполнува целосните критериуми тие ја добиваат набавката.
2.Драги Рашковски е близок соработник на премиерот Зоран Заев. Тие се познаваат од родниот град Струмица. Македонската јавност претходно, беше сведок на постоењето на судир на интереси кај Рашкоски. Не е јасно како тој се направи себе си одговорен за насистем потребен на контролата за летање за аеродромот во Скопје..
Целиот текст на Експрес односно транскрипт заедно со аудио линкот можете да ги прочитате и слушнете ТУКА.