И професорката Каролина Астеруд Ристова реагира на правното толкување на професорот Фрчкоски за објавувањето на Законот за јазици и уставните амандмани без потпис од претседателот.
Екс пратеничката на СДСМ смета дека нема никакво оправдување за упадот во уставниот поредок од страна на власта која што Фрчкоски се обидува да ја оправда.
Го читам проф. Фрчкоски во една ФБ дебата ( кај мојот пријател Boban Karapejovski) околу објавувањето на ЗУЈ 2018 во Службен весник на Република Макефонија без потпис на Претседателот на Република Македонија и дека ок било така да “ стапи во сила “ закон.
Вели он, цитирам: “Ne e tska ! Prosto i jasno ! Vo pravoto postoi pravilo : so krsenje na zakon nemoze da se sozdade pravo ! Vo takov slucaj akterite se slobodni da go zapbikolat krsitelot na pravoto i da go vospostavat nego povtorno ( se misli na pravoto ) . Vo ovoj slucaj krsenjeto na ustavot od strana na pretsedatelot ne smee so toleriranje da se pretvori vo “ pravo” i mora da se zaobikoli so pravno odnesuvanj koe go revospostavuva pravoto . Ova nezavisno dali si go sakata Horhe ( doma da si go nosite ) a go mrazite Zaev na primer …. Натаму во коментарите вели: “Nezavisno od postapkata za kaznuvanje na prekrsitelot koja e paralelna ili moze i da izostane kako vo slucajov , pravoto mora da se revospostavi a toa e so objavuvanje na zakonite so eden potpi . Bidejki toa e ustavnata dominacija na Parlamentot vrz voljata na Pretsedatelot . Obratnoto znaci deka pretsedatelot se nametnal nadvor od ystavot vrz voljata na parlamentot ( Kakava i da e taa)”.
Пишав таму , но еве да споделам и на мојот ѕид :
А проф. Фрчкоски да не ја заборавил попат поделбата на власта како темелна вредност и принцип на организација на власта во нашиот уставен поредок , во случајов во однос на законодавниот процес? Освен во однос на случаите и начините наведени во уставот , не може и не смее на било кој друг начин да се супституира или корегира улогата на шефот на државата во тој процес , па и за перцепирани и наводни злоупотреби , а указите за законите и правото на вето на шефот на државата се клучни механизми за рамнотежа и контрола меѓу законодавната и извршната власт во законодавниот процес, во споредбеното право познати како check and balance, нели…Конечно , како тоа шефот на државата наводно влегол во неправо кога нема уставен рок кога треба да потпише , намерно или ненамерно неставено од уставотворецот , никогаш несменето при било кое отварање на уставот за уставни амандмани , а во уставно- правната теорија , како и во споредбени применувани уставно-правни доктрини , познато како џебно вето ? Ако некој не е приврзаник на таа и таква правна доктрина односно смета дека тоа е неприменлива доктрина кај нас, има други правни и институционални начини ( оние за неговата одговорност, натаму оние за уставни амандмани ) тоа да се расчисти и “ ревоспостави ” правото , професоре Фрчкоски.
“ Вака” Собранието не смее да го наметнува својот конечен збор во законодавниот процес , уште помалку со Собранието редуцирано на индивидуални потфати на неговиот претседател како “ прв меѓу еднаквите “ ! Што ќе извади за следно, можеби самоволно ќе почне да лиферува автентични толкувања на законите во име на Собрание , па тоа не може ниту надлежната за тоа Законодавно-правна комисија , мора да и се потврди на пленум , така некако ?
Така да, ништо не го пере овој тежок упад во уставниот поредок, ниту во оперирањето на суверенитетот на граѓанството ( а шефот на државата е еден од клучните отелотворувачи на тој суверенитет , дотолку повеќе што е исто избран на непосредни избори како и Собранието, не е баш дериват како Владата, иако редовно баш таа се однесува како главен башибозук во земјата !) , па ни вашата “ уставотворна екселенција” , всушност жално и срамно е тоа за вас во крајната фаза од кариерата од “уставотворец “ да се трансформирате во “ уставоубиец” , и ако се извози вака , со се друго и сите други вакви слични “ толкувања “, Македонија не само што абер нема од владеење на правото , туку и тоа што малку од малку го има , целосно се разградува . Бидна ова , па исто неодамна добивме и “ правни толкувања “ дека гласачкиот цензус за референдум ( може и за избори?) не е правно- релевантен, камоли политички , па се измисли дека нашиот устав има и советодавни референдуми по своето правно дејство ( а уставот појасен не може да биде во сите свои одредби каде спомнува референдум, имаме само правно-обврзувачки !), итн .
Што е следното ? Претпоставувам развивање “правни толкувања “ зад кои демек стојат правни експерти со гравитас, дека собраниски и владин кворум за работа на овие две институции е непотребна гњаважа во одлучувањето, дотолку повеќе откако во неколку наврати низ годините констатиравме дека опозицијата не ни е потребна , а најново со ЗУЈ дури ни за системски закони , едноставно парламентарното мнозинство ќе си донесе обичен закон со кој ќе упадне во материја на системските закони , малце ќе се замачка тоа со евро знаменце (?!) и слични мирудии , па сето тоа за проблематика за кои помалите етнички заедници имаат право на вето ( Бадинтер), а македонската етничка заедница политички може да се изрази и ефектуира само преку квалификуваното мнозинство, исто како и парламентарната опозиција, и -завршена работа .
Ама , од каде тоа во Рамковна Макдонија да е битно како се ефектуира најголематата етничка заедница , кој ја врти , или што е пак битно тоа во демократска Македонија да се ефектуира политичката опозиција , се се тоа “ вмроони “, нека цркнат ( звучи познато ?), така некако ли е проф. Фрчкоски , редот е сега “вие “ тоа да го правите што други го правеле ? ( освен на ДУИ и другите етнички партии на Албанците , се разбира , нивната тиранска диктатура е вечна и над сите земски и божји закони, вистинска формула за пристојни меѓуетнички односи и добро владеење ). Да не заборавиме дека и вакви закони , нели многу битни , се носат без предвидување на почек на законот ( vacatio legis) , небаре е воена или вонредна состојба , оти од искажувањето или молчењето на видни правни експерти , дознавме дека ваков клучен правен институт за внатрешната и надворешната моралност на законите не е ич битно , обична дребулија за да се маткаат таму правниците, нема врска со интегритетот и легитимитетот на правниот поредок , нема врска со неговиот демократски карактер , ама ич нема врска со гаранциите на правата и слободите на граѓанството , нема врска со здраворазумската и практична оперативност на законите .
Да не заборавивме , дознавме и дека “ од сега , панадаље и убудуче” во Македонија се укинува и друга уставна одредба, “ света крава “ на цивилизирани правни поредоци насекаде , таа за неказнување без претходно постоечки и дефинирани деликти ( нешто што правниците во сон го знаат како nullum crimen nulla poena sine lege ), ич да не правиме муабет за пропорционалноста пак на казните, со сите дополнителни епитети и со сите правни нишани со кои можат да се оквалификуваат ( особено во контекст на македонските социо-економски услови , дефинитивно како “ сурови “ и “ невообичаени” ). И проф. Фрчкоски збори за наводно неправо од страна на шефот на државата , а не ги гледа кратерските димензии на неправото во и на ЗУЈ ? И сето тоа и пред воопшто да дојдеме до самата проблематика на “ јазиците “, пред воопшто тоа да го отвориме , што таму е се неуставно, неправо, како и што се е флагрантна повреда и надминување на Рамковниот договор, сега веќе ставен и во Преамбулата на уставот , впрочем за тоа на долго и на широко се аргументираше и допрва треба и ќе се аргументира , правно и секако инаку , оти ова е закон – незакон , и , не – не е влезен во сила , ниту смее да влезе и да стане реалност на овој начин , во оваа форма и со оваа содржина , ако Македонија сака да (о)стане нормална држава! Трката до правното и уставно-правното дно , ма и под дното, а со тоа и за се друго, неизбежно, не е завршена, очигледно !, напиша на Фејсбук Астеруд.