Македонија 12. мај 2019. / 14:11

Артан Груби тврди дека Пендаровски денеска станал претседател поради ДУИ!

Артан Груби тврди дека Пендаровски денеска станал претседател поради ДУИ!

Пратеникот на ДУИ Артан Груби, на прес конференција му ја честита на Пендаровски новата функција и истовремено го потсети дека ДУИ и политиките на Али Ахмети беа клучните фактори кои ја запечатија оваа победа.

-ДУИ беа пресуден, одлучувачки фактор во неговата победа и нема што да испорачуваме фактури на нашиот кандидат кој што ги победи овие избори. Најголемата фактура која што е испорачана е консензуалноста со тоа што победија политиките на Али Ахмети и ДУИ кои што ги промовираме уште од 2014 година. Поголема фактура од тоа неможе да постои“, рече Груби.