Македонија 22. јули 2018. / 14:33

Арсовски: Тоа што Анѓушев се повлекол е исто како фатен крадец да ги остави парите

Арсовски: Тоа што Анѓушев се повлекол е исто како фатен крадец да ги остави парите

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на денешната прес конференција посветена на скандалот со делењето на пари од Фондот за иновации на фирма на вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарското прашање околу коментар за тоа што од кабинетот на Анѓушев излегоа со соопштение дека бараат фирмите во кои што тој се јавува како ко сопственик да ја преиспитаат одлуката и им порачува да се откажат од парите кои ги добиваат, рече дека ваквата реакција е задоцнета.

-Ќе се обидам најпросто да ви дадам една паралела за да може да сфати целата јавност. Тоа ви е исто како еден крадец кога ќе влезе во банка и кога ќе се обиде да ги ограби парите од банката да ги изнесе надвор. Ако го фатат ќе каже еве ви ги париве само сакав да видам дали функционира системот. Доколку не го фатат ќе избега со парите и ќе ги потроши. Ист е случајот со Кочо Анѓушев и ниту еден случај и ниту едно побарување од страна на неговите партнери да се откажат од грантот нема да го амнестира од одговорност. Одговорност за неговата постапка мора да има и како што можевте да чуете тоа е дело казниво со најмалку 3 години затвор.- рече Арсовски.