Кога бев именуван за Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во мојата прва изјава упатив 2 главни пораки, а тоа се: дека ќе го објавам секој криминал на власта кој ќе го пронајдам во интерес на граѓаните и дека ќе го поддржам и ќе застанам во одбрана на секој новинар од ‘седмата сила’ кој ќе биде притискан или цензуриран од било кого во интерес на вистината, напиша Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и му даде поддршка на Љупчо Златев, кој изутринава беше повикан на информативен разговор во МВР.
Првото го правам секој ден повеќе од една година, а второто го направив повеќе пати, вклучително и јавно, кога беше киднапирана новинарска екипа од роднини на градоначалник на СДСМ.
Љупчо Златев е еден од тие новинари кои не се плашат да го обзнанат јавно криминалот на власта, сé во интерес на граѓаните за да не бидат злоупотребени и изманипулирани. Власта, односно Заев, со ова негово повикување денеска порача дека сака да го замолчи и него, но и целиот новинарски свет. Повикот да даде изјава во МВР Златев е само данокот кој го плаќа за неговата храброст како новинар и уредник на медиум изминатиов период.
Како што може да видите, Заев само го интересирало од каде се снимките, а не што има на нив.
Златев ја има мојата поддршка и ќе ја имаат и сите кои се угнетувани од Заев и СДСМ за секој нивни чекор во интерес на вистината.Тука и јас би сакал да искористам да ги повикам сите кои имаат било какви докази за криминал на власта, да ме контактираат и да ми ги достават за да бидат јавно објавени.
Заев е готов! Власта е пред распад! Да го спасиме уште она малку што остана од државата и да почнеме одново да ја реформираме!
Ќе победиме сите заедно против рекетарите од СДСМ, напиша Арсовски на Фејсбук.