Македонија 03. мај 2018. / 15:57

Арсовски се огласи за поставувањето на портпаролска функција: Ќе бидам отворен за медиумите

Арсовски се огласи за поставувањето на портпаролска функција: Ќе бидам отворен за медиумите

Новиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, на неговиот Феејсбук профил се огласи за портпаролската позиција на која синоќа беше поставен од извршниот комитет на партијата.

Им ветувам на членовите, раководството и Претседателот Hristijan Mickoski дека ревносно ќе се борам јасно и гласно во јавноста да биде пренесен секој став на ВМРО-ДПМНЕ кој е од значење на граѓаните, а воедно и како Портпарол на најголемата опозициска партија ќе се борам да биде обзнанена секоја криминална афера, да биде искритикувана секоја лоша политика и мерка која го загрозува секојдневното живеење на граѓаните, за конечно да биде подобрен животот на граѓаните. – пишува Арсовски.

Арсовски ја искористи приликата и на медиумите да им вети дека ќе биде отворен кон нив и на сите медиумски работници им го честиа меѓународниот ден на медиумите.