Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, информира за најновата црна кампања на СДСМ пред изборите со која се обидува да ги манипулира граѓаните со лажни пораки дека тие што ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ треба да го искрштаат „Северна“ на гласочкото ливче.
Како што вели Арсовски, целта на вквата манипулација е со таквата постапка тие ливчиња да бидат прогласени за неважечки. Арсовски додава дека СДСМ со ваквите пораки ги оналоважува граѓаните и ги смета за глупави, но, како што истакнува Арсовски, граѓаните знаат дека на тој начин ќе го направат ливчето неважечко.
„Последен и очаен обид на СДСМ.
Губат и им тече низ ногавици ?
Граѓаните знаат дека секое шкртање на ливчето, освен заокружување на редниот број, ќе биде неважечко. Исплашени се и очајни! Граѓаните знаат дека треба само 1️⃣4️⃣ да заокружат и ништо повеќе. Сосема доволно за Заеви да одат во затвор!
Толку ви е, готови сте!
Следи Обнова на Македонија! ?
Да живее Република Македонија!“ – вели Арсовски.