Македонија 18. јануари 2021. / 21:52

Арсовски: Пописот е важен за понатамошен развој, оваа Влада е заинтересирана за политички попис

Арсовски: Пописот е важен за понатамошен развој, оваа Влада е заинтересирана за политички попис

Портпаротот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во емисијата Филибастер на Радио Лидер, зборуваше и за Законот за попис.

„Најпрво оваа Влада прави се наопаку. Додека сите други Влади во Европа и во регионот се борат што повеќе да снабдат вакцини , оваа Влада е заинтерсирана да спроведе политички попис. Најпрво ние излеговме, конкретно претседателот Мицкоски излезе со прес-конференција по седница  на ИК кадешто јасно посочи како да се реализира Законот за пописот и подоцна во однос на рокот кога би се одржал. Додека сите држави во ЕУ можеби и во светот го одложуваат пописот и се обидуваат да ги спречат штетните последици од пандемијата и да обезбедат вакцини, нашата Влада ги интересира да спроведат политички попис“, рече Арсовски.

Тој појасни дека најпрво од она што го глдаме ако вака се одвива, овој попис нема да биде реален, бидејќи само со попишување на матичниот број на некој којшто познава некого и го издиктира тоа не е попишување.

„Нам ни е  потребен попис како статистичка операција, да го покаже населението коешто живее и функционира на територијата на Република Македонија“, додаде Арсовски.

Овој попис ни е важен за понатамошен развој во идните 10 години, до следниот попис, да може Македонија и владите кои ќе следат да ја развива во таа насока државата.