Македонија 23. април 2020. / 13:48

Арсовски: Ослобдувањето на Кичеец, показател дека Рускоска работи под диктат на Заев

Арсовски: Ослобдувањето на Кичеец, показател дека Рускоска работи под диктат на Заев

Зоран Заев и СДСМ ги ослободија сите можни осудени криминалци во Република Македонија.Таков е и случајот со еден од осудените од случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец. Вилма Русковска ослободувајќи го осудениот од случајот „Рекет“ и пуштајќи го на слобода дали уште еднаш сака да докаже дека е соучесник во случајот „Рекет“, притоа помагајќи ги нарачателите и Зоран Заев да ги прикријат трагите? Вилма Русковска од самиот почеток на случајот, истрагата ја водеше непрофесионално и аматерски, изјави Димче Арсковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Најпрвин, им остави време на инволвираните да прикриваат докази и траги. Потоа доцнеше со истрагата, во среде случајот си отиде на летен одмор со целото обвинителство. Со очајни напори се обиде да го прикрие изнесувањето на доказите за случајот „Рекет“. И со пиунот на Зоран Заев, Љубомир Јовевски се обидоа да ја ограничат истрагата само на тројца несреќни извршители, за веднаш потоа да се испостави дека имало и многу инволвирани, вмешани од врвот на СДСМ.Ослободувањето на Зоран Милески Кичеец, веќе осуден за случајот „Рекет“ е само показател дека Вилма Русковска работи директно под диктат на Зоран Заев и свесно сака да го прикрие случајот „Рекет“, односно сите докази и трагите, се со цел за да прекине Зоран Милески да ја разоткрива вистината во своите искази и сведочења.Ако од нешто се плаши Зоран Заев, тоа е од разоткривањето на случајот „Рекет“ бидејќи и самиот директно е вмешан во истиот. Впрочем според исказот на веќе ослободениот Кичеец, Заев му кажал на Бојан 13 дека се пријавени за случајот „Рекет“ во Влада, изјави Арсовски.