Македонија 21. ноември 2018. / 09:57

Aрсовски: Мијалков повеќе не е член на ВМРО-ДПМНЕ, не ги знаеме причините за неговото приведување

Aрсовски: Мијалков повеќе не е член на ВМРО-ДПМНЕ, не ги знаеме причините за неговото приведување

Сашо Мијалков повеќе не е член на ВМРО-ДПМНЕ. Не сме запознаени со деталите и причините за неговото приведување. Раководството на партијата подолго време нема комуникација со Мијалков, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, објави МКД.мк

Мијалков беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ заедно со Јанчев и Костадинов. Според ВМРО-ДПМНЕ токму Мијалков бил најголемиот виновник за „предомислувањето“ на група нивни пратеници кои на 19. октомври гласаа за уставни измени.

Од вчера поранешниот шеф на УБК е во притвор во затворот во Шутка на барање на СЈО за предметот „Тврдина-Таргет“.