Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на својот Фејсбук профил истакна дека е горд на двете хероини кои се борат со најтешката болест на денешницата и ги повика сите да помогнат во рамки на своите можности.
–Горд сум на овие две хероини кои се борат со најтешката болест на денешницата и ми е особено драго што имав можност да учествувам во квизот “Листа за 300” каде што освоените средства ги донираме на овие две девојки пред кои е животот.
Голготата која ја поминуваат граѓаните низ институционалните лавиринти, на кои им се потребни средства за лечење, верувам дека брзо ќе заврши со падот на оваа власт и рекетарот Ден Дончев.
На овие две хероини кои лично не ги познавам им посакувам брзо опоравување и се надевам дека моментот кога ќе имам прилика да ги запознаам ќе ме израдуваат дека ја добиле целосно битката со болеста и силно и искрено верувам дека ќе се случи тоа.
А, на сите граѓани, на компаниите, а особено на останатите медиуми секаде каде што има можност им порачувам да го следат примерот на Сител ТВ и да ја реализираат својата општествена одговорност.
За нас можеби значи малку, но сите во рамките на нашите можности на било кој начин можеме и мораме да им помогнеме на оние што им значи живот.
Затоа, телефоните во рака, дали преку операторите или електронско банкарство помогнете симболично, ќе ви одземе неколку минути, напиша Арсовски.