Прво и основно што Кирацовски не го знае за мене е дека не се плашам од никого, а најмалку од него за да поставам јавно прашања во интерес на вистината и граѓаните и најмалку фамозниот Кирац ќе ме заплаши, напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Второ, во длабок очај на еден давеник во сомнеж за криминал до гуша се препознава закани за тужби и тука на дело се гледа задушување на слободата на говор во Република Македонија. Сепак личи тоа на СДСМ. Трето, ајде Кирацовски биди мажиште – не мажуле, свесно чекав да изминат 48 часа, ве чекам да тужите заедно со адвокатов твој, подготвен сум да ги соочиме аргументите на Суд, иако е под ваша контрола. Да знаеш дека ќе ти ги поставам истите прашања од пресот и повторно ќе ја констатирам твојата блискост со Боки 13, документирана преку слики.Повели тужи, ама ако не тужиш, на јавноста уште еднаш ќе и потврдиш дека само сакаш да се закануваш и да цензурираш и дека си заглавен до гуша и сé ова го правиш во очај. Јас сум подготвен и ја чекам тужбата уште денес. Вистината е на моја страна!, напиша Арсовски на Фејсбук.