– Член на надзорен одбор и со огромна моќ на одлучување во Дрисла изминатите 2 години додека отпадот завршувал во Дрисла е членот на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев, тоа е Драги Давчевски. Каква одговорност ќе сноси Драги Давчевски и дали е повикан на распит во обвинителството бидејќи како што знаеме отворен е случај за овој скандал?, тврди Арсовски.
Тој додава дека заменик директор во Дрисла до пред 6 месеци бил близок пријател и соработник на Зоран Заев од Струмица и прашува каква одговорност ќе сноси овој човек и дали и тој е повикан на распит во обвинителството и дали е вистина дека во Дрисла возат камионите на бизнис партнерот на фамилијата Заеви и близок соработник на Заев и брат му Вице Заев, сопственикот на фирмата Јавор Шпед, Горан Крстев?
– Фирмата „Еко клуб“ е јасно во каква бизнис релација е со СДСМ и со Зоран Заев. Над 130 милиони денари од над 60 тендери во само една година добила оваа фирма од страна на државата и институциите. СДСМ и Заев се фатија во сопствената лага, потенцираше Арсовкски.
Се виде кому не му е важно здравјето на граѓаните и кој нема никаков проблем ниту пак грам совест да ги труе скопјани, а воедно лицемерно да лаже на прес конференции дека тоа всшност го правело ВМРО-ДПМНЕ.
Како се ближат изборите сѐ повеќе трокира пи-ар машинеријата на СДСМ и Заев и сѐ повеќе се фаќаат во сопствените лаги. Очекуваме брза разрешница за целиот овој случај од Јавното обвинителство и очекуваме одговорност од сите инволвирани и тоа веднаш да не се одолговлекува овој случај.