Македонија 15. февруари 2021. / 20:10

Арнаудов: Вистинскиот попис ќе го организира ВМРО-ДПМНЕ следната година

Арнаудов: Вистинскиот попис ќе го организира ВМРО-ДПМНЕ следната година

Забранувајќи ја употребата на Македонија, македонски, власта поскаува и ВМРО-ДПМНЕ да го згаснат, а партијата е единствен бедем кој ја брани Македонија, рече Ламбе Арнаудов поранешен пратеник на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Што не е јасно.

Тој вели дека власта ги потценува граѓаните.

-Тоа е најголемата грешка еден ден ќе им се врати.

Власта за граѓаните не прави ништо. Тие ќе добијат осуда од народот, а тоа е најтешката , вели Арнаудов.

Арнаудов ја коментираше и неспособноста на власта за набавка на вакцини против корона.

Недостасуваше блех оркесатр и приколка Сканиа за да ги донесе вакцините. Тоа што го направија Србија е за голема благодарност, ама што прават овие од власта се китат со туѓи перја.

Не направија ама баш ништо за кризата предизвикана од корона, рече Арнаудов. Опозцијата успеја во многу работи, и не е исправен и како што вели Мицкоски ќе направиме се за да се одложи и да проблем се медицинските околности поради корона, но тие не се никако подготвени.

Вистинскиот попис ќе се случи по сите стандарди кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го организира.