Денеска пред Судот беа присутни неколку новинари, ги чекаа обвинетите за настаните од 27 април за да ги прашаат дали ќе побараат амнестија, со новиот Закон кој што пред неколку дена беше донесен во Собранието.
Кога дојде на ред Љубен Арнаудов, тој за изјава побара пари.
-Изјава давам само за 50 евра, кусо изјави Арнаудов и притоа продолжи кон влезот на Судот.
Повеќето од обвинетите не беа расположени за комуникација со медиумите, и одбиваа да дадат изјави.