Македонија 18. ноември 2018. / 22:54

Арна Шијак: Нема да го повториме 27 април

Арна Шијак: Нема да го повториме 27 април

Ниту снегот, ниту студот, ниту блокадите на сите патишта низ републиката не ги спречија неколкуте илјади Македонци да излезат пред Собранието на Република Македонија и да побараат да не се менува Уставот, да не се менува името и најважно од се – оставка на Владата!

Протестот започна со македонската химна во изведба на Игор Дурловски, а актерката Арна Шијак, модератор на вечерашниот протест на #Бојкотирам побара од присутните со аплауз да ги поздрави основачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” обвинети во случајот „27 април”.

-Нема да го повториме 27 април, нема да бидеме жртви на предавството и невини жртви со политички монтирани случаи лежат во затвори. Пратениците да ги прифатат нашите барања против уставни измени, порача Шијак.

Организатор на протестот е групата Бојкотирам, Светскиот македонски конгрес, Глас за Македонија, Трета политика и Ленка.