Генералштабот на Армијата на Република Македонија денеска ќе го информира претседателот Стево Пендаровски за состојбата на борбената готовност на Армијата во тековната 2020 година.
Брифингот е редовна активност со која Генералштабот го информира шефот на државата и врховен командант на вооружените сили за сите елементи на борбена готовност.
-Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски од страна на началникот на Генералштабот, генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски ќе биде информиран за состојбата, обемот на реализација на плановите и задачите на Армијата во тековната 2020 година кои влијаат на борбената готовност на Армијата, посочуваат во соопштението.
На брифингот ќе присуствуваат и претставници од собраниската Комисија за одбрана и безбедност, најодговорниот раководен кадар во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, како и командантите на потчинетите команди и единици на АРМ.