На утрешната прослава ќе биде соопштено името на новиот началник на Генералштабот на АРМ, дознава Телма од извори во одбраната. Истите извори тврдат дека на позицијата ќе биде назначен генерал мајор Васко Ѓурчиновски, кој се враќа од Брисел каде досега ја извршуваше функцијата постојан воен претставник на АРМ во седиштето на НАТО.
Ѓурчиновски ќе го наследи досегашниот началник генералот Методија Велишковски кому задутре му оистекува тригодишниот мандат.
За решението е разговарано подолг период, а денеска во кабинетот на врховниот командант, претседателот имало средба на Иванов со министерката Шекеринска и со двајцата генерали Велишковски и Ѓурчиновски. Решението за нов началник било прифатливо и за претседателот и за министерката.
На генерал потполковник Методија Величковски му истекува мандатот на денот на АРМ во сабота. Тој денеска заедно со министерката Шекеринска учествуваа на традиционалното постројување пред Министерството каде беа додделени нови чинови и унапредувања на офицерскиот и на цивилниот кадар во двете одбранбени институции. Неговиот наследник Ѓурчиновски и порано се спомнуваше за функцијата, но наместо тоа беше пратен во Брисел. Генералот Ѓурчиновски беше командант на Здружената оперативна команда, највисокото тело во АРМ, а претходно беше и командант на армиските специјалци и аѓутант на претседателот Иванов. По воена обука е специајлец. Величковски според плановите на одбранбениот врв ќе остане како советник на новиот началник и ќе му помага со спроведувањето на новата одбранбена стратегија во пресрет на членството во НАТО. Покрај тоа, планирани се и огласи за проширување на мрежата на воени аташеа, а Парис и Франција е првата дестинација каде треба да се бара офицер кој ќе биде воено аташе на АРМ и на Македонија.
Миомир Серафиновиќ