Скендер Реџепи од коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива оцени дека предложените министри од редовите на ДУИ нема да придонесат за зголемување на стандардот на Абанците во земјава. ДУИ, рече Реџепи, имаше 20 години министри во клучни ресори, но тие, според него, не направиле ништо за Албанците.
Арбер Адеми од ДУИ му реплицираше на Реџепи, истакнувајќи дека треба да запре ваков говор на омраза, и оти граѓаните го кажале својот збор на предвремените избори.
ДУИ, рече Адеми, секогаш пишувале историја, за прват имаме претседател на Собрание, ќе имаме и претседател на влада и сето тоа е во насока на толеранција меѓу етничките заедници и оти нема цел која е неостварлива за Албанците.