Резултатите од државната матура се готови. Средните оценки оваа година се со благ пораст за разлика од минатата 2018 година, истакна министерот за образование, Арбер Адеми на денешната прес конференција.
Резултатите се добри и покажуваат напредок во однос од минатите години. Просечната оценка за постигнати резулати годинава е 3,47. Во неколку предмети има подобрување кај учениците а кај помал дел од предметите е забележано намалување на резултатите, истакна Адеми.
Според него има подобрување на средната оценка кај мајчините јазици, кај математика и англиски. Просечната оценка по мајчиниот македонски јазик е 3,69, додека минатата година била 3,66, што бележи благо незначително подобрување на средната оценка. И кај средната оценка по мајчиниот албански јазик е забележано многу мал пораст, годинава средната оцена е 3,85, за разлика од лани кога изнесувала 3,81 Додека за Турски јазик средната оцена бележи благо опаѓање и изнесува 3,73, за разлика од минатата 4,18.
Средната оценка по математика годинава е со најдобри резултати според министерот за образование и наука, Арбр Адеми во последните три години. 3,65 е средната оцена оваа година по предметот математика.
Англиски јазик како странски јазик е најмногу избиран од учениците за изборен предмет оваа година, 14 104 ученици полагале англиски јазик или 310 ученици повеќе од лани. А средната оценка по овој странски јазик годинава изнесува 3,07 и бележи благ пораст од минатата година.
Благо опаѓање на средната оценка од државната матура учениците покажале кај предметот Бизнис, Историја и Биологија.
Годинава државна матура полагале 15.553 ученици , од кои 7692 ученици од гимназииските паралелки, 7604 од стручно образование и 257 ученици од средно уметничко образование.
Оние кандидати кои не положиле може да се пријават за државен испит во авгус, потенцираше министерот за образование. Но според, Адеми доколку и во тој испитен рок учениците не се стекнат со диплома, односно не го положат испитот ќе треба да го почекаат наредниот испитен термин во јуни наредната година.
Приговори учениците може да достават утре, на 05 јули и на 08 и 09 јули, односно во понеделник и вторник.