Македонија 14. март 2020. / 17:40

Aпликација за информирање за состојбата со корона вирусот во Македонија

Aпликација за информирање за состојбата со корона вирусот во Македонија

МојВоздух/AirCare и Министерството за здравство изработија апликација за мобилните телефони која ќе ги информира корисниците за најновите информации од Министерството за заштита од коронавирусот.

Преземи ја најновата верзија од Google Play и App Store, и осигурај се дека во менито ја имаш активирано опцијата за нотификации. Сите новости ќе ги има во делот „Вести“ – објави министерот Венко Филипче на Фејсбук.

Апликацијата е достапна на:
Android:  https://getaircare.com/android
iOS:  https://getaircare.com/ios

Министерот секојдневно апелира да не се шират лажни вести и паника, и граѓаните да се информираат исклучиво од релевантните здравствени институции.