Македонија 03. октомври 2019. / 09:26

Апепалцискиот суд ќе го разгледува барањето за укинување на притворот на Боки 13

Апепалцискиот суд ќе го разгледува барањето за укинување на притворот на Боки 13

Денеска во Апелацискиот суд ќе се одржи јавна седница на која ќе се разгледува барањето на одбраната на Бојан Јовановски- Боки 13 за укинувањето на мерката притвор. Јовановски е првоосомничен во случајот „Рекет”. Претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот на првоосомничениот во овој случај на нови 30 дена.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го повика Боки 13 да даде исказ, но неговата одбрана побара прво да изврши увид во доказниот материјал. Од тројцата осомничени во овој случај, само Јовановски досега нема дадено исказ.

И бранителите на третоосомничената во случајот „Рекет“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, поднесоа жалба на одлуката на судија на претходна постапка кој ја одби нејзината гарација од три стана за да излезе на слобода.

Само второсомничленуиот во овој случај, Зоран Милевски-Кичеец, е во домашен притвор откако два пати беше на распит во обвинителството.