Откако синоќа обвинителката Вилма Русковска се закани дека ќе отвори финансиска истрага против судиите кои одлучија екс шефицата на СЈО, Kатица Jанева, да замине во домашен притвор, од Апелациониот суд за „Фокус“ велат дека утрово ќе оддржат колегиум, по што ќе имаат официјално соопштение за јавноста.
Утрово ќе одржиме колегиум, по што набрзо ќе има соопштение за јавноста, рече судијката Лидија Димчевска, во телефонски разговор за „Фокус“.