Апелацискиот суд денеска треба да се изјасни за барањето на одбраната на првообвинетиот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски тој да излезе од притвор.
Барањето за укинување на притворот на Боки стигна пред Апелација откако вчера судечкиот совет во случајот „Рекет“, на чело со судијката Васка Николовска Масевска, се изјасни дека не се иполнети условите тој да излезе од притворското одделение во затворот во Шутка.
Боки бара поблага мерка, односно домашен притвор за да ја добие потребната нега поради нарушеното здравје. Освен тоа, Јовановски го убедува судот дека нема да бега и оти редовно ќе се појавува на рочиштата.