Македонија 16. мај 2019. / 09:46

Апелација денес ќе одлучува по жалбите на осудените за Диво Насеље

Апелација денес ќе одлучува по жалбите на осудените за Диво Насеље

По жалбите на 33-та осудени денеска и утре ќе заседава второстепениот суд. Седумина од обвинетите добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за сите, пренесе МКД.МК.

Инаку, македонските безбедносни сили се судрија со добро организирана терористичка група, во таа борба загинаа осум припадници на безбедносните сили, го дадоа својот живот за Македонија, а 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.