Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски не ги клеветел функционерите од ДУИ, Ахмети и Џафери- одлучи Апелација. Тројца судии во Совет кој денеска ја изрече оваа пресуда и кои патем не сакаа да си ги кажат имињата пред јавноста го одбија барањето на Али Ахмети и Муса Џафери со што тие го загубија овој спор за сведочењето на Богоевски во САД за Маѓар Телеком.
Апелација ја прифати жалбата на Богоевски. Ова беше второ судење во Апелација, бидејќи претходниот пат кога судијата од граѓанскиот суд Нухи Рустеми го судеше, апелациските судии го вратија назад со аргумент дека има серија повреди на постапакта.
Инаку Богоевски во сведочењето кажал дека двајца високи функциоенри од ДУИ примиле мито од Маѓар Телеком од по 2 ипол милиони денари. По ова Ахмети и Цафери бараа отшета од 90 илјади евра од кои се откажаа во меѓувреме.