Македонија 13. март 2020. / 10:21

Апел до Македонците од земјите со висок и среден ризик да го одложат враќањето дома

Апел до Македонците од земјите со висок и среден ризик да го одложат враќањето дома

Поради состојбата со корона вирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, се воведува забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик согласно листата на Светска здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство.

Како што стои во заклучоците, забраната не важи само доколку патниците достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.

Исто така, се апелира до македонските државјани, кои живеат во држави со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјата во овој период.

Поради затворање на граничниот премин „Рибарци“ во Србија од вчера од 7.00 часот, за премин за патници и возила согласно насоките од Владата на Србија, сите патници и возила од граничниот премин „Голема Црцорија“ – Голеш, кривопаланечко во Македонија се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на патници и возила.

Од граничниот премин Прохор Пчињски  патниците и возила се пренасочуваат на заедничкиот граничен премин со Република Србија, Табановце – Прешево.