Oткако Град Скопје објави Конкурс за идејно решение за изградба на парк i отворена летна сцена на местото на Универзална сал во Скопје, не стивниваат реакциите во јавноста.
Реакција стигна и од лидерот на Левица, Димитар Апасиев, чија партија на последните парламентарни избори освои два пратенички мандати.
Изградена со солидарна помош на 37 земји! Потсеќа на римскиот Пантеон. Симбол на главниот град… И иде еден пијаница и ќе ја рушел!? Оти само за рушење знаат. Ништо немаат изградено. Чунки, толку им се способностите. Мизерија од луѓе и од „карактери“ – напиша Апасиев на Фејбук.