Македонија 22. август 2019. / 22:08

Aпасиев: Она што го збореше вчера на пресот обвинителот Јовески е „тикви со расол“

Aпасиев: Она што го збореше вчера на пресот обвинителот Јовески е „тикви со расол“

Професорот Димитар Апасиев објаснува каде погрешил вчера јавниот обвинител Љубомир Јовески.

-Глеам сите ногу големи правници станаа, па ај вака ја коо кондураџија, да се обидам стручно да објаснам некои работи – ама со прост јазик…

„ВД Специјален обвинител“ не постои! Значи, она шо го збореше републичкиот јавен обвинител Јовески вчера на пресот, народски кажано, е тикви со расол ?.

За да супсидијарно се примени Законот за ЈО во конкретниов случај, Катица Јанева прво мора да биде РАЗРЕШЕНА!

А за да биде разрешена има едно чудо процедура со пи*кљарда фази – па ќе се обидам да ви доловам:

(1) Вилма Русковска треба да подготви ИЗВЕСТУВАЊЕ до Советот на јавни обвинители дека е покрената кривична постапка против Катица;

(2) Советот изготвува писмен ИЗВЕШТАЈ за основите за разрешување поради нестручно и несовесно работење – кој го доставува до јавноста и до парламентарната Комисија за избори и именувања;

(3) Комисијата доставува ПРЕДЛОГ до Собранието на РМ за разрешување;

(4) За предлогот мора да постои претходна СОГЛАСНОСТ на четирите политички партии со најголем број пратеници;

(5) Собранието на РМ, со двотретинско и бадентерово мнозинство, го усвојува ПРЕДЛОГОТ за разрешување и го праќа повторно до Советот на јавни обвинители;

(6) Дури сега Советот носи ОДЛУКА за разрешување на специјалниот обвинител;

(7) Разрешениот обвинител има право на ТУЖБА против Одлуката за разрешување пред Основниот граѓански суд Скопје за враќање на работа – пишува професорот Апасиев кој го користи хаштагот #СичкоСиИмаПроцедураБе.