Денеска гостин на емисијата „Само вистина“ беше лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Тој ја искритикува оваа власт бидејќи нема црвени линии.
Гоце Делчев да му го одземеш на македонскиот народ тоа е како Џорџ Вашингтон да им го земеш на американците. Без Делчев нема држава, за него не се преговара, рече Апасиев.
Во текот на интервјуто, Апасиев кажа дека не смее да се чепка унитарноста на државата, но и дека тој стравува од федерализација.