Декларацијата на Бугарија е поддржана од сите нивни партии и тие имаат црвени линии, за разлика од кај нас каде министрите бегаат од дебата со опозицијата, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во емисијата „Само Вистина“, на ТВ Канал 5.
–Осоколени од успехот со Грција, барај 100 ќе добиеш 50, Грците добија 100 и еднаш свиткана кичма доведува до вакви последици. На самитот во Букурешт во 2008 година сите мислеа дека готово сме влегле во ЕУ, дури и Буш напиша твит. Ние сме сервилна демократија, останатите балкански нации не подлегнуваат на притисоците како во овој случај со Германија и Бугарија. Јас очекувам вето од Бугарија бидејќи за разлика од другите нации ние немаме црвени линии, вели Апасиев.