Откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Љупчо Златев за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна, со реакција во јавноста се огласи лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев.
Со вашата пизма и злоупотреба на институциите за политички прогон со неистомислениците, од Златев ќе направите „македонски Асанж“.
И да го осудите силеџиски, ќе изгубите у Стразбур! Да не биде после дека не сум ве предупредил. И ќе треба после и пенали да му плаќате. Само ќе ве видиме колку сте мизерни.
p.s. Љупче, мој совет: прај си го КЕЛЕШ-ТЕФТЕРОТ. Со имиња и презимиња. Оти, се врти колцето
#ПоддршкаЗаИстражувачкотоНовинарство – стои во реакцијата на Апсиев.