Македонија 07. декември 2020. / 21:53

Апасиев демонтира новинарски местенки: На тапет „А1он”

Апасиев демонтира новинарски местенки: На тапет „А1он”

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи се пресметува со провладините медиуми нарекувајќи ги ,,сороспии“ и ,,курирци“.

Револтиран што новинарката Габриела Димковиќ Мишевска му се јавила на неговиот приватен мобилен телефон да го праша за партиска одлука, тој им одговорил да се јави во прес центарот на партијата, по што било објавено дека бега од одговор, па во знак на револт тој на својот ФБ профил напиша:

,,Некоја си ГАБИ од провладините портали МАКФАКС/А1он (целосно име: Габриела Димковиќ-Мишевска), веројатно по инструкции на заменичката-главна уредничка, ми се јавува на приватен и ми пишува смс за време додека спроведувам колоквиум…Ѝ враќам – обратете се со прашање до Прес центарот на Левица (чунки иаме вработено чоек баш за тоа, за комуникации и професионален однос со медиуми). Она не се обраќа, и си става ваков наслов!?(Апасиев молчи за парите: не кажува дали ќе се откаже во корист на работничката класа) Срцка❤️Ах бре провладини „новинари“.
Боље парите да ги донираме кај вас, да ве пратиме на некој соросписки курс за „независно новинарство“ и „прогресивно граџанство“ – за да се опраите. Друг пат, јавете се културно на јавно достапниот број на Левица и бидете барем малку попрофесионални у односот, иако не не’ сакате (а ни ние не ве сакаме)“, пишува Апасиев.

Некоја си ГАБИ од провладините портали МАКФАКС/А1он (целосно име: Габриела Димковиќ-Мишевска), веројатно по инструкции…

Posted by Димитар Апасиев on Monday, December 7, 2020

На објавата на Апасиев реагираше редакцијата на порталот А1он, во текст со наслов „,Сороспии’ и ’курирци’ – Апасиев агресивен кон новинарите на ,А1он’“ откако беше запрашан дали ќе ги задржи буџетските пари, каде што е објавена и преписката односно пораката во која пратеникот ги упатува да се обратат во Центарот за комуникации.

Подоцна и паријата Левица го објави дописот којшто бил испратен до редакцијата на порталот А1он.

Оттаму информираат јавноста дека, како што велат, во врска со денешната намерна манипулација со читателите од страна на новинарките на А1он, Габриела Димковиќ Мишевска и Мери Јордановска, испратиле Допис до нивната редакција, кој бараат да биде целосно објавен, со цел јавноста да дојде до точните информации.

Но, тие наместо да го објават овој Допис, уште повеќе ја замајуваат јавноста со уште повеќе манипулации, до толку што, објавуваат и лични пораки од претседателот на партијата, Димитар Апасиев. За ваквото нивно однесување, ќе покренеме соодветна правна постапка, велат од Левица.

Ја информираме јавноста дека, во врска со денешната намерна манипулација со читателите од страна на новинарките на А1он,…

Posted by Левица / E majta / Levica on Monday, December 7, 2020