Македонија

Антоновски ги почестил вработените во МИА со бонус пред референдумот

Антоновски ги почестил вработените во МИА со бонус пред референдумот

Вработените во Македонската Информативна Агенција (МИА), добиле бонус плата пред претстојниот референдеум, дознава ЛИДЕР од извори во компанијата.

Како што дознаваме, директорот Драган Антоновски кој ја води државната информативна агенција, го послушал премиерот Зоран Заев и го одврзал кесето пред референдумот.

Антоновски не одговари на телефонските повици на ЛИДЕР, во кои сакавме да му упатиме прашања дали бонусите за вработените ги доделил по барање на премиерот за да се стимулира гласање на на претстојниот референдум.

Заев завчера, на еден од неговите јавни собири ги повика директорите да ги одврзат кесињата и да ги корумпираат вработените, за така да сме во Европската Унуха,

-Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата“. Јас апелирам до сите бизнисмени: Ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. – изјави премиерот Зоран Заев.

Инаку претходно, претседателот на управниот одбор на МИА, Зоран Иванов, даде изјава дека граѓаните за уши треба да се носат на гласање.

-И јас сакам да сум “легалист“ ама (генерално за во Македонија), тоа е мисловна именка. Затоа сега нема закон – сите “за уши“ па на референдум. Во интеграции макар “неправно“. Ова токму во функција и овде во Македонија конечно да проработи правото, тоа е мотивот. Кога еволуцијата е бавна, проработува револуцијата, само да е “просветлена“, да води кон европски вредности. – рече Иванов.

Очигледно директорот на МИА, Драган Антоновски, се одлучил за поблага метода од онаа која ја предложи претседателот на управниот одбор, па вработените ќе се стимулираат со бонус плата, наместо со носење за уши.

Љ.З.