Македонија 06. јануари 2020. / 18:42

Антисемитизмот на СДСМ излезе во светските медиуми!

Антисемитизмот на СДСМ излезе во светските медиуми!

По неколкуте антисметиски коментари на социјалните мрежи од луѓе блиски до СДСМ, во врска со назначувањето на Рашела Мизрахи за техничка министерка за Труд и социјална политика, со свој коментар излезе и Еврејската телеграфска агенција (ЈТА).

Од агенцијата се осврнуваат и ги набројуваат таквите антисемитски коменатри, пред се тие на, како што наведуваат, активистката на СДСМ, Видана Бошкова Мицевска и на застапничката на муслиманските права, Мерсиха Смаиловиќ, притоа истакнувајќи дека наспроти нивните ставови, назначувањето на Мизрахи било поздравено од страна на Ефраи Зуроф, директорот Источна Европа на центарот Симеон Визентал.

Истовремено, од ЈТА го цитираат токму Зуроф кој истакнува дека е згрозен од нрсфатливите антисемитски реакции за Мизрахи.