Македонија 02. октомври 2020. / 15:19

Антикорупциска уште чека одговор од Владата за утврдување одговорност кај Тозија, a поминале 60 дена

Антикорупциска уште чека одговор од Владата за утврдување одговорност кај Тозија, a поминале 60 дена

Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска најави дека ќе испрата ургенција до Владата за да им се достави одговор за владиното постапување на иницијативата на ДКСК за поведување постапка за одговорност на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија.

Рокот од 60 дена за одговор на Владата на барањето на ДКСК за поведување и утврдување одговорност за Тозија измина пред два дена. Директорот на Агенција за филм го именува директно Владата.

Мандатот на Горјан Тозија заврши на 4 август, а се уште не е назначен нов. Во јули Тозија од Владата побара продолжување на неговиот мандат.