Државната комисија за спречување корупција денеска одлучи да поведе прекршочна постапка против десет од поранешните специјални обвинители од СЈО, зашто не ги пријавиле дополнителните надоместоци.
Согласно Законот за спречување корупција и судр на интереси, тие биле должни да пријават ако дополнителните приходи надминат вредност од 20 просечни плати.
-Комисијата прибави податоци од Министерството за финансии од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ, соопштија од ДКСК.
Обвинителите за кои антикорупционерите одлучиле да поведат постапка се:
- Катица Јанева
- Фатиме Фетаи
- Елизабета Јосифоска
- Лиле Стефанова
- Бурим Рустеми
- Гаврил Бубевски
- Стевчо Донев
- Трајче Пеливанов
- Артан Ајро
- Љубомир Лапе.
Прва на листата, односно најголеми бонуси земала поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата кој отпрлика била нешто над 3.500 евра месечно.
По Јанева најмногу се „офајдила“ обвинителката Елизабета Јосифоска. Освен редовната плата, таа земала дури 107 илјади евра дополнителни пари како надоместоци.
На листата е обвинителката Лиле Стефанова. Освен редовната плата, таа земала дури 94 илјади евра бонуси од СЈО. Фатиме Фетаи заработила над 87 илјади евра за 4 години, слични суми на име бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 86.234 евра, односно 85 илјади евра.
Основот по кој Катица Јанева ги делела надоместоците беше дека работеле со материјали со степен на доверливост, иако по тој основ не добиваат никакви надоместоци и многу порелевантни институции, чија работа се врзува токму со вакви материјали.