Три кутии со документи од јавни набавки пристигнале во антикорупциската комисија која истражува можна корупција при тендери во македонската навигација, а во која постои сомнеж дека е вмешан и Генералниот секретар на владата Драги Рашковски.
Претседателката Билјана Ивановска, во интервју за тв 24 вели дека првите проценки ќе ги дадат за околу два месеци. Антикорупциска се уште не одлучила дали ќе го повика Рашковски кај нив за аферата.