Македонија 24. април 2019. / 15:27

Антикорупциска поднесе две прекршочни пријави за Иванов

Антикорупциска поднесе две прекршочни пријави за Иванов

Анткорупциската комисија едногласно одлучи да поднесе две прекршочни пријави против претседателот во заминување Ѓорге Иванов.

Првата прекрошна пријава е затоа што тој незаконски и во време на предизборие го унапредил старешината Васил Ѓурчиновски во мајор. Комисијата се обратила до Министерството за одбрана и оттаму им било одговорено дека Иванов не побарал и не добил согласност од нив за унапредувањето на Ѓурчиновски. Без одобрение од Министерството за одбрана Претседтелот нема право да унапредува старешини во мајори. Исто така, Антикорупциска утврди дека ова унапредување било сторено кога претседателските избори веќе биле распишани.

Втората прекршочна пријава е затоа што Иванов го именувал бригадниот генерал Орце Јордев во заменик командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) и полковникот Бесник Емини во началник на Штаб во ЗОК, кога изборите веќе биле распишани.

Со преземањето на овие дејства Претседателот на Републиката сторил прекршување на одредбата од членот 8-1 став 1 алинеја 2 поради што ДКСК донесе одлука за поведување прекршочна постапка согласно член 179 став1 од Изборниот законик против претседателот Ѓорге Иванов, рече Билјана Иваниска претседаѕелчка на Антикорупциската комисија