Македонија 05. август 2019. / 13:02

Антикорупциска отвори предмет за Рашковски

Антикорупциска отвори предмет за Рашковски

Државната комисисја за спречување на корупција соопшти денеска дека отвора предмет за јавната набавка за инсталација на АТМ ситстемот за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Антикорупциската комисија истрагата за оваа афера ја започна претходно. Од оваа институција, писмено се обратиле до Владата и до М-НАВ уште претходниот месец, за да им ја испратат целокупната документација поврзана со набавката.

„Економски лидер“ објави аудио снимка од која може да се констатира дека Рашковски бил свесен дека не можел да преговара со италијанската фирма „Леонардо“ за купување на безбедносен систем, бидејќи тендерот не бил комплетиран.

На прес конференцијата која се одржа пред повеќе од месец дена на која Рашковски беше практично разобличен од новинарите, тој се вадеше дека овој тендер бил доделен од ВМРО-ДПМНЕ, но работите изглегоа спротивни и се потврди дека договорот бил потпишан три месеци по неговата спорна средба. Во исто време, тој „до небо“ се извинуваше за расистичките термини кои ги користи на средбата. Со втората бомба, паѓаат во вода неговите тврдења дека „се е легално“, ако се има предвид дека и самиот знаел дека според правилата тој не смее воопшто да разговара со комнпанијата „Леонардо“, затоа што во моментот на состанокот сеуште тендерот официјално не е добиен.

Во исто време, на прес конференцијата Рашковски истакна дека и покрај тоа што нема надлежност да присуствува и да договара тендер за М-НАВ, тоа го правел затоа што бил задолжен од владата. Како доказ дека му било наложено, на новинарите им достави документ кој е потпишан само од него, но не и записник од седница на владата на кој му се дава таков налог.

По втората аудио-бомба, и понатаму се провлекува прашањето зошто Рашковски вака агресивно инсистирал „за три дена“ да се заврши работата и дали спорните проценти кои се споменуваат во првата бомба се всушност провизија за тендерот? Во исто време, се поставува прашањето дали споменувата провизија е причината поради која Рашковски кршел закони и правила на ЕБРД и се среќавал со „Леонардо“, пред да испрати писмо со кое се потврдува дека компанијата го добила тендерот?

За потсетување слушнете ја аудио бомбата на Лидер за Рашковски: