Антокорупциска комисија најави отворање на нови предмети за непотизам на денешната четврта седница од формирањето на новиот состав.
Се очекува и да се истакне кои јавни претпријатија и други институции ја доставиле бараната документација по новите случаи за вработување на блиски на јавни функционери, а кои се уште не го запазиле рокот кој истекува утре и им се заканува прекршочна пријава.
На дневен ред, меѓудругото, се отварање на постапки по службена должност за можен судир на интереси, постапување на ДКСК по конкретни предмети и донесување на одлуки за тековното работење.