Uncategorized 24. April 2019. / 17:52

Антикорупциска констатира: Постои непотизам во скоро сите случаи кои излегоа во јавноста

Антикорупциска констатира: Постои непотизам во скоро сите случаи кои излегоа во јавноста

Кај шест од вкупно 18 случаи на вработувања на блиски роднини на функционери Антикорупциска утврдила дека критериумите во огласите биле местени за кандидатот што требало да биде вработен, а еден од таквите примери е вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска, Виктор, во ЕЛЕМ.

-Антикорупциска утврди дека иако во Правилникот на ЕЛЕМ се барало од нововработените да имаат двегодишно работно искуство, овој услов го немало во огласот на кој се пријавил синот на пратеничката.

Исто така, во систематизацијата на ЕЛЕМ не постоело работното место на кое бил вработен Стојчевски, а директорот го искористил своето дискреционо право да го вработи.

За овој случај, Антикорупциска одлучи да ја извести Владата која има ингеренции врз работењето на ЕЛЕМ, Надзорниот одбор на ЕЛЕМ и трудовиот Инспекторат-објави НОВА ТВ.