Македонија 10. мај 2019. / 21:57

Антикорупциска ја прекина постапката против Манчевски

Антикорупциска ја прекина постапката против Манчевски

Министерот Дамјан Манчевски вечерва соопшти дека Државната комисија за спречување корупција ја прекинала постапката против него за наводни грчки фирми, откако тој поднел демант со конкретни докази.

-Членовите на ДКСК беа избрани на транспарентен начин, согласно професионални критериуми, а тоа го потврдуваат со својата работа. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ, следен пат кога ќе одлучат да ме обвинуваат, тоа да го прават со докази, а не со шпекулации и невистини. – вели Манчевски.

Постапката против него беше околу сомнежи во врска со грчки фирми, по објавувањето на прислушуван разговор.