Антикорупциска го отфрли случајот за хидроцентралите на Мицкоски, дознаваме од извори во ДКСК.
Државната комисија за спречување корупција, овој предмет го отвори по сопствена иницијатива по изјавите во медиумите во однос на доделувањето на концесија за користење вода за изградба на мали хидроцентрали, како и на наводи во однос на средствата со кои се управувале хидроцентралите.
Прашањето на ДКСК е дали Христијан Мицкоски како советник на влада и управен одбор на ЕЛЕМ имал акти да влијае на донесувањето на одлуки? Одлуката е објавена во јануари 2014 година, а донесена август 2015.
Во периодот на одлуката Христијан Мицкоски не се јавува како учесник за да има влијание. Мицкоски како советник бил назначен во април 2015 година и во август, а сето ова веќе било завршено, со ова тој не бил член на советот за да влијае на донесувањето одлуки.
Мицкоски се јавува како сопственик и косопственик, но неговото капитално учество се намалува на “Енерготек ДОО Скопје“, а од 2019 тој не е сопственик на ова претпријатие.