Книгите што ќе бидат дистрибуирани до учениците ќе бидат ослободени од иредентизам и ревизионизам, изјави заменикот-министерот за надворешни работи Маркос Боларис, по завршувањето на дводневната средба на Заедничкиот интердисциплинарен Комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, оформен согласно Преспанскиот договор, објави Експрес.
-Договорено е целото поглавје за античката Македонија да стане дел од грчката цивилизација како градовите Спарта, Атина, Тива, Македонија, вели Спиридас Сфета професор по модерна и современа балканска историја на Универзитетот Аристотел во Солун, пишува порталот Nooz.gr.
Состаноците на Комитетот на експерти од Грција-Северна Македонија за историски, археолошки и образовни прашања ќе продолжат во април и мај.
Целта е во септември, новите македонски учебници верно да ја прикажат историјата на античка грчка Македонија.