Професорката Гордана Силјановска убедливо го добила вчерашниот дуел со Пендаровски во рамките на кампањата за избор на Претседател на Република Македонија, според анкетата на порталот Прес24.
Според 67% од нив Силјановска била подобра во првото ТВ соочување, додека 33% сметаат дека Пендаровски бил подобриот во дебатата.
Од 4.900 читатели кои се решиле да гласаат на нашата анкета, 3.300 се определиле за Силјановска а 1.600 за Пендаровски.